Џет-Сет
25. April 2016 - 17:20

Фановите и ја исполнија последната желба на Јелена: Ќе се наежите кога ќе го видите спотот посветен за пејачката!

Бројните фанови, колеги и пријатели и понатаму не можат да ја прежалат смртта на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која беше пронајдена мртва во канал покрај населбата Црвенка во Борча.

И додека понатаму се работи на решавање на овој монструозен злочин, фановите на Јелена дојдоа до идеја да направат спот за песната „Ти и јас“ која ја испеја починатата пејачка.

Јелена со Марко Гачиќ на крајот од ноември сними дует, а со оглед на трагичната несреќа не стигнаа да снимаат спот па тоа го направија нејзините фанови.

- Долго размислував на темата за овој дует, ги гледав нивните најави за спот. За жал, не дочекавме такво нешто... Ова е мојата желба, моја мисија, да ја оставарам нејзината желба, а се надевам дека ќе стигне и до Марко, напишала девојката чија била идејата да го направи овој видео спот.

Погледнете го емотивниот спот снимен во чест на Јелена Марјановиќ: