Џет-Сет
13. December 2017 - 17:36

Фала за шокот кој ни го приредивте - по лажната вест за смртта на Оливер се огласи и неговата сопруга

Порталот Сплитски дневник во саботата објави лажна информација дека хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ починал.

Социјалните мрежи без преплавени од коментари и проштални пораки, што го шокираше семејството на Оливер кој боледува од рак на белите дробови и во моментов е на лекување.

Порталот кој ја објави лажната вест, набрзо потоа ја тргна истата, но подоцна повторно ја објави. По низата реакции порталот ја повлече веста, но лажната информација со брзина на светлината се прошири по социјалните мрежи, па семејството на пејачот преживеа тешки моменти.

Новинарката која ја објави лажната вест повикувајќи се на „неофицијални информации од Клиниката за Онкологија“ се најде на мета на сопругата на Оливер и ќерка на близок пријател и соработник на пејачот.

-Еднаш ветив дека ваквите луѓе секогаш ќе ги прозивам. Ова е одговорната уредничка на порталот за кој досега никој нема слушнато, а кој ја објави „веста на денот“. Нека се знае дека ваквите „вести“ имаат лице, напиша Ивана, ќерката на пријателот на Оливер.

Набрзо по овој статус се јави и сопругата на Оливер, Весна.

-Ако некој е веродостоен извор на информација, тоа сум јас. Оливер е добро и не е во живото загрозувачка состојба. Им благодарам на незаборавната вечер која ни ја приредија на нас, на медицинскиот персонал, на шокот и стресот кои го доживеаја нашите пријатели и моето семејство во Дубровник. Ивана ти благодарам. Сакам да го видам лицето на „јадникот“ без малку емпатија, напиша Весна Драгојевиќ на објавата на Ивана.

Девојката подоцна ја избршала објавата, но вели дека таа често ги брише нејзините постови откако повеќе нема да има потреба тие и натаму да стојат на нејзиниот профил