ФАЦ: Можно е преименување на аеродромот во Скопје по изборите
Можно е македонската влада по локалните избори да се одлучи да го преименува аеродромот во Скопје со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во анализата „Не под ова име“, посветена на спорот за името со Грција.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ наведува дека името на државата и не е најголемиот проблем, туку барањето на Атина да се сменат и името на народот и на јазикот и заклчува дека „тоа не беше прифатлива тема за преговори за Груевски, исто како што не е и за Димитров“, актуелниот министер за надворешни работи, пренесува „Дојче Веле“.
- Ние Македонците не сме се разбудиле едно утро и сме одлучиле да бидеме тоа што сме. Ние сме Македонци како резултат на еден историски процес, околу кој не може да се преговара. Патем, ние не бараме ексклузивитет за нас, да бидеме Македонци. Јас се чувствувам како Македонец, но немам ништо против, кога и некој Грк во Солун се чувствува како Македонец, без разлика дали во регионална или културна смисла, вели Димитров во изјавата за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Димитров за германскиот весник, ветува дека политиката на „антиквизација“ на претходната влада во земјата нема да продолжи и дека „не ни требаат стотици споменици за да се чувствуваме како горди Македонци“.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пак, пишува дека министерот одбива да каже дали новата влада е подготвена да ги преименува објектите, како автопатот или аеродромот во Скопје, кои Атина ги смета за провокативни.
- Македонија извлече поуки од грешките кои се случуваа во изминатиот период, го цитира ФАЦ натаму шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
„Тоа (владеењето на Груевски, н.з.) не е оправдување за тоа што во Скопје го загубивме компасот. Претходната влада се оддалечи од Европа и на сите им олесни да го блокираат напредокот на Македонија“,вели Димитров. Но, дополнува тој, Македонија научи од своите грешки, а се надева дека и „Европа научила нешто од своите грешки“
Ново на Сител
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет