Македонија
26. February 2016 - 16:52

Фабриката за пропаганда работи - СДСМ организира протести пред Уставен суд за закон чиј автор е СДСМ

СДСМ заедно со медиумите и интелектуалците блиски до нив со неконзистентни и манипулативни напади против Уставниот Суд и неговата одлука да се оценува уставноста на Законот за помилување.

Овој закон е донесен од собранието по предлог на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а при неговото носење, СДСМ и нивната пратеничка група цврсто застанаа против предлогот на претседателот да му се ограничи правото да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности.

 - Според мене, овој закон ќе падне на Уставен суд и тоа нема да е нешто ново, затоа што голем број на закони кои ова парламентарно мнозинство или оваа Влада ги предлага, ова парламентарно мнозинство слепо ги подржува паѓа на уставен суд и овој закон иста така ќе падне, затоа што според мене сметам овој закон е дискриминаторски закон.

Истата пратеничка денес не само што има поинаков став, туку ги обвинува судиите затоа што решиле да ја оценуваат уставноста на Законот за кој и самата тврдела дека е неуставен.

Со слична неконзистентност и професорот Љубомир Фрчкоски, кој во 2009та, во колумната во дневник под насловот “Тегла Џем“, жестоко го бранел правото на Црвенковски да помилува лица обвинети за изборни нерегуларности. Истот Фрчкоски вчера во изјава за Телма, оценувањето на уставноста на овој закон, кој тогаш го оспорувал, ја нарече државен удар.

- Уставниот суд е дел од таа приказна за укинување на плуралноста. Нормално, новите диктатури каква што е нашата, неможе целосно да ја укинат плуралноста туку мислат да ја маргинализираат до крај. Ние практично живееме во обид за создавање на нов еднопартиски ситем. Така да, ова е систем, ова не е инцидент. Јас мислам дека нема да биде изненадување доколку уставниот суд се обиде да ја прогласи СЈО за неуставна.

Според експертската јавност, токму неуспехот на Специјалното обвинителство да создаде издржани случаи е причината зошто СДСМ и интелектуалците блиски до нив се обидуваат да создадат тензии – отварајќи ја и вратата за помилување на синот на Верушевски кој е обвинет за педофилија.

И весникот Утрински со голема неконзистентност. Во 2009тата новинарката Гордана Дувњак пишувала дека Законот за момилување е против уставен, за денес истата новинарка да пишува текстови во се оспорува одлуката на уставниот суд да ги разгледува барањата.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ кои го донесоа овој закон и ден денес остануваат на истиот став дека не треба да се помилуваат лица обвинети за вакви дела.

И  покрај тоа што утринава од Здружението на кривичари најавија дека ќе го дадат својот став околу овој закон, до овој момент од нив нема никаква реакција.