Фудбал
10. February 2016 - 22:51

ФА Куп: Вест Хем во следната рунда

Екипата на Вест Хем го победи Ливерпул со 2:1 во повторениот дуел од ФА купот одигран синоќа во Лондон и се пласира во 5.коло.
 
Патникот во осминафиналето беше решен дури по продолженија, бидејќи по 90 минути завршија без победник 1:1.
 
Домаќините поведоа преку Микеил Антонио во 45.минута, а Ливерпул изедначи со голот на Фелипе Кутињо по само три минути игра во второто полувреме. Победата на Вест Хем ја обезбеди Обинзе Огбона со погодокот во судиското надополнување од второто продолжение.
 
Противник на Вест Хем во следното коло на 21 февруари ќе му биде Блекбурн.
 
Вечер од 20 часот и 45 минути се игра вториот повторен дуел меѓу Питерборо и Вест Бромвич Албион.