Фудбал
19. February 2017 - 20:52

ФА куп: Четвртфинале за Манчестер Јунајтед и Тотенхем

Бранителот на трофејот во ФА купот Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување откако попладнево како гостин со пресврт го победи Блекбурн со 2:1. Домаќинот поведе во 17.минута со голот на Дени Грем. Изедначи во 27.минута Маркус Рашфорд, а победата за „црвените ѓаволи“ ја донесе Златан Ибрахимовиќ во 75.минута.
Во вториот денешен дуел Тотенхем го совлада градскиот ривал Фулам со 3:0, а хет-трик постигна Хари Кејн.
Резултати на вчера одиграните натпревари од осминафиналето: Барнли – Линколн 0:1, Мидлсброу – Оксфорд 3:2, Хадерсфилд – Манчестер Сити 0:0, Милвол – Лестер 1:0 и Вулверхамптон – Челзи 0:2.
Последниот натпревар од оваа фаза се игра утре меѓу Сутон – Арсенал.