Ф1
9. July 2017 - 16:43

Ф1: Ботас победи во Австрија

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Австрија.
 
Финецот до втората победа во кариерата стигна со сигурно возење од стартот и на најдобар можен начин ја искористи пол-позицијата.
 
Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари.
 
На победничкиот подиум се искачи и Даниел Рикардо од Ред Бул кој успешно ги одби нападот на Луис Хамилтон кој заврши на четвртата позиција.
 
Бодови освоија и возачите пласирани од петтото до десеттото место: Кими Раиконен (Ферари), Роман Грожан (Хас), Серхио Перес и Естебан Окон од Форс Индија, Фелипе Маса и Строл од Вилијамс.
 
Трката на патеката „Ред Бул ринг“ во близина на градот Шпилберг ја одбележа и инцидентот на стартот кога Данил Квајт од Торо Росо беше причината Макс Верстапен и Фернандо Алонсо да го завршат натпреварувањето.
 
Во Генералниот пласман води Фетел со 171 бод, пред Хамилтон со 151 и Ботас со 136.
 
Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 287, пред Ферари со 254 бодови.