-->
-->
Ф-1: Торо Росо ќе настапува со млад пилот
-->
Младиот француски автомобилист Пјер Гасли в недела ќе ја вози својата прва трка во шампионатот на формула 1. 21-годишниот возач ќе дебитира во „најбрзиот циркус“ во болидот на Торо Росо.
Гасли во тимот ќе го замени Русинот Данил Квјат, кој во досегашниот тек на шампионатот на 14 трки освои само четири бодови. За споредба, неговиот тимски колега Карлос Саинц јуниор е осми во генералниот пласман со 48 бодови.
„Ова е одлична можност. Подготвен сум и физички и психички бидејќи како трет возач морам да бидам подготвен да ја исполнам секоја задача во Ред Бул“, рекол Гасли.
Пјер Гасли е дел од програмата на Ред Бул за млади возачи, тој минатата година ја освои титулата во ГП2 серијата, а оваа година беше ангажиран како резервен и тест-возач во братскиот тим на Ред Бул, Скудерија Торо Росо.
Трката за Големата награда на Малезија, во Куала Лупмпур, ќе се вози в недела од 9 часот по средноевропско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата