Ф1
16. April 2017 - 19:00

Ф-1: Победа на Фетел во Бахреин

ж

Возачот на Ферери , Себастијан Фетел е победник на ГН на Бахреин од шампионатот во Ф-1 со што ја оствари втората победа оваа сезона и изби на чело во генералниот пласман. Германецот одлично стартуваше минувајќи го Хамилтон и потоа со добра тактика и влегување во боксот изби пред Валтери Ботас кој стартуваше од Пол позиција. 

 
И покрај тоа што во последните 10-тина круга  Хамилтон опасно напаѓаше сепак Фетел успеа да го одржи водството и да се радува на победата. 
Зад него беа двајцата возачи на Мерцедес, Хамилтон и Ботас, додека топ 5 го комплетираше Кими Раиконен во второто Ферари и Даниел Рикијардо во Ред Бул, кои потфрлија со брзината и со откажувањето на Макс Ферстапен.