Ф1
12. October 2017 - 19:00

Ф-1: Кам-бек на Кубица

Oбидот на полскиот возач Роберт Кубица да направи кам-бек во Формула 1 следната година продолжува со комплетираниот приватен тест на патеката Силверстоун во средата.
 
Кариерата на Полјакот беше прекината по страшниот судир на рели трка пред сезоната 2011 кога за малку ќе му беше ампутирана десната рака. Тој помина неколку сезони во рели-шампионатот, пред да се врати на посериозно тркање минатата сезона. Оваа година тој тестираше за тимот на Рено, но францускиот тим се реши за Карлос Саинс јуниор, а Вилијамс потврдија дека тој е во игра за место во 2018 година. Сега, техничкиот директор на Вилијамс, Педи Лоув, вели дека тестот бил „успешен“.
 
„Ги разгледуваме сите можни опции, но искрено бројот на возачи е ограничен. Ќе размислиме за Кубица, но засега не се брзаме“, изјави Лоув.