-->
-->
Ф-1: Како Рикардо го освои 3. место во Мексико
-->
Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, остана без третото место на трката за Големата награда на Мексико, до кое стигна откако стјуардите го казнија Макс Ферстапен од Ред Бул. Од казните, најпрвин на Ферстапен, а потоа и на Фетел, профитираше Даниел Рикардо од Ред Бул кој во конечниот пласман заврши на третата позиција.
Себастијан Фетел, во последните пет кругови од трката, која не понуди никакви возбудувања, влезе во борба за третото место на кое се наоѓаше Ферстапен. На три круга до крајот, Фетел се обиде да го мине младиот возач на Ред Бул, кој излета од патеката, пресече еден свиок и се врати повторно на третата позиција.
По трката стјуардите одлучија дека Ферстапен со тој маневар стекнал недозволена предност во однос на Фетел и на постигнатото време му додадоа уште пет секунди, поради што тој од третото се спушти на петтото место.
Фетел кој по маневарот на Ферстапен незадоволството го искажа преку тимското радио, сепак застана на подиумот, но само за момент. Откако церемонијата на доделувањето на пехарите заврши, стјуардите непријатно го изненадија возачот на Ферари, кои реагираа по жалбата на вториот возач на Ред Бул, Даниел Рикардо.
Имено, тие востановиле дека и Германецот ги прекршил правилата, бидејќи неправилно ја бранел својата позиција, кога во 69-от круг Рикардо се обиде да мине покрај него.
„Тој е едно многу фрустрирано момче. Ќе разговарам со него, бидејќи е многу смешен начинот на кој се однесува. Изминатите денови од него извира фрустрација. Фетел би требало да се врати во училиште, би требало да внимава како говори и како се однесува“, рекол Рикардо по трката.
На трката за Големата награда на Мексико победи Луис Хамилтон пред клупскиот колега Нико Розберг. Наредната трка се вози во Бразил на 13.ноември, Розберг има 19 поени повеќе од Хамилтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка