Ф1
15. July 2017 - 16:48

Ф-1: Хамилтон прв стартер на Силверстоун

Британецот Луис Хамилтон ја потврди својата добра форма на денешниот квалификациски тренинг на кој обезбеди пол- позиција за утрешната трка за Големата награда за Британија

Возачот на Мерцедес  по пети пат во кариерата ќе стартува од пол позицијата на оваа патека што е вкупно 67-ма позиција во кариерата. со што опасно се доближни до рекордот на 
 легендарниот германски возач Михаел Шумахер, кој 68 пати во кариерата стартувал од пол позицијата.
 
Зад Хамилтон утре ќе стартуваат  Кими Раиконен од Ферари и Себастијан Фетел.