Ф1
9. April 2017 - 14:44

Ф-1: Хамилтон најбрз во Шангај

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на втората трка во годинешната сезона во Формула 1, Големата награда на Кина, која во неделата се возеше на патеката во Шангај.
 
Хамлитон, во Шангај, ја оствари правата победа во сезоната, трката ја започна од пол позицијата и со сигурно возење, не дозволи во ниту еден момент да му биде оспорена победата.
 
Бритамецот стана рекордер на ГН награда на Кина, бидејќи го забележа петтиот триумф на ова гран при.
 
Во целта тој влезе со време 1:37:36. 158 минути, што за шест секунди беше побрзо од остварувањето на Себастијан Фетел од Ферари. Тројката на победничкиот пиедестал ја комплетираше Макс Ферстапен, кој стартуваше од 16-то место.
 
Покрај одличната трка која ја возеше Ферстапен, кинеското гран при го обележа и сударот кој го имаше Антонио Џовинаци, поради што во четвртиот круг на патеката се појави и безбедносното возило.
 
Зад најдобрата тројка, бодови во Кина освоија Даниел Рикардо (Ред Бул), Кими Раиконен (Ферари), Валтери Ботас (Мерцедес), Карлос Саинц јуниор (Торо Росо), Кевин Магнусен (Хас), и возачите на Форс Индија Серхио Перез и Естебан Окон.
 
По две трки во генералниот пласман водат Хамилтон и Фетел со по 45 бодови.
 
Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози во Бахреин на 16.април. 

Ново на Сител