-->
-->
Ф-1: Грмеа болиди низ Лондон
-->
Првпат во историјата на Формула 1 сите десет тимови се сретнаа на патека во пресрет на некоја трка светскиот шампионат. Организаторите на Големата награда на Велика Британија, која викендов ќе се вози во Силверстон, вчера на жителите на Лондон им приредија неверојатен бесплатен спектакл низ градските улици.
Формула 1 болидите возеа на импровизираната патека кај Трафалгар сквер и на илјадниите гледачи им понудија ретко виден спектакл. Алонсо, Фетел, Рикардо, Ботас, Перез и другите со заглушувачка бучава возеа низ Лондон, а целата програма беше збогатена со настапите на познати британски музичари.
Единствен кој не се појави на настанот беше домашниот миленик Луис Хамилтон. Трикратниот светски првак се оправда со зборовите дека „бил премногу уморен“.
По ваквиот исклучителен настап логично се наметна прашањето дали Лондон може да биде домаќин на трка во првенството на Формула 1.
„Очигледно е дека во Лондон живеат многу обожаватели на овој спорт. Има тука многу логистички задачи, но сигурен сум дека нашитт град тоа може да го реши“, рекол градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
Прашањето се наметнува бидејќи од 2020 година нема да се вози трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстон, откако организаторите решија да го раскинат договорот и на тој начин да ја укинат најстарата трка во светскиот шампионат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица