Ф1
2. February 2016 - 12:13

Ф-1 без Малдонадо

Тимот на Рено објави дека Пастор Малдонадо нема да вози следната сезона за оваа екипа. 

Со ова само се потврди најавата од неодамна кога владата на Венецуела најави дека нема да го финансира повеќе тимот на Рено и возењето на Малдонадо кој потекнува од оваа земја. 
„Сакам да ви кажам дека во 2016 година нема да учествувам во Формула 1", им се обрати Малдонадо на околу 710 илјади свои фанови.
Веќе е обезбедена и замена во името на  Кевин Магнусен за кого уште одамна се шпекулираше дека ќе влезе во тимот на Рено.