Евтиниот мед во маркетите е гликоза увезена од Романија
Пчеларите предупредуваат, евтинот мед што се продава по маркетите содржи гликоза и е штетен по здравјето на конзументите. Апелираат државата итно да превземе мерки и да се вклучат инспекциите на терен.
Проблем е и медот што се продава на патиштата и пазарите. Производителите велат дека се врши увоз на големи количини на гликоза од Романија, која се додава во медот кој во маркетите се продава за помалку од 250 денари. Потенцираат граѓаните да купуваат само мед и пчелни производи од добро проверени производители .
- Таква заработувачка, трипати поскапо, не остварува ниту една стопанска гранка, а луѓето купуваат зашто е поевтино. Не знаат веројатно дека тоа е чиста гликоза, штетна за здравјето. Тоа го укажуваме постојано. Се додека на декларацијата на теглата пишува само пакувач, ќе има штетни последици по здравејто на граѓаните, без никој да одговара. На етикетата мора да стои кој е производител, а не кој е пакувач. Да престанеме да си ја уништуваме нацијата. Треба сите да соработуваме, инспекциите особено, подвлече Бошкоски.
Освен нелојалната конкуренција, пчеларите годинава имаа проблоем и со лошите временски услови. Производството на мед и пчелните семејства се намалени. Велат дека од следната година медот ќе поскапи ми една тегла ќе се продава по цена од 500 денари.
- Лани од едно презимено пчелно семејство извадивме само 2,4 килограми мед, додека годинава само 1,3 килограми. Затоа прогласивме елементарна непогода. Причини за тоа беа ладните зими и пролетнио мраз кој ги уништи ларвите. Исто така, и летово беше многу жешко поради што пчелите не можеа ништо да соберат. Принудени сме да ги храниме со сируп за да ја презимат годинава, изјави претседателот на Пчеларската федерација на Македонија Јане Марков.
Надлежниот министер на денешната манифестација посветена н а пчеларите посочи дека државата работи на решавање на проблемите во пчеларството. Годинава производителите нема да добијат дополнителни субвенции. Тие пак велат дека 600 денари за едно презаимено семејство што ги добиваат од државата не им се доволни.
Во земјава има повеќе од 6 500 одгледувачи на пчели и над 230 000 пчелни семејства.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар