Балкан
20. February 2017 - 12:22

Еврозоната очекува да најде излез од ќорсокакот за планот за Грција

Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе оддржат средба во Брисел, на која се очекува да најдат излез од ќорсокакот поврзан со планот за спас на Грција, во пресрет на неколкуте значајни избори во Европа кои би можеле да се одразат врз грчкиот проблем.

Преговорите меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори - ЕУ и Меѓународниот монетарен фонт, (ММФ) веќе неколку месеци се во застој што предизвикува нервоза на финансиските празари.

Грчката Влада минатата недела соопшти дека очекува на денешната средба во Брисел да биде постигнато „принципиелно политичко решение“ меѓу Атина и кредиторите, додека претставник на Брисел истакна дека во најдобар случај може да се очекува „времен договор“.

Сепак, според аналитичарите, ваквиот „времен договор“ нема да претставува излез од ќорсокакот во кој сега се наоѓаат преговорите, оценувајќи дека за исплата на нова траша од помошта на Грција треба да биде постигнат целосен и конечен договор.

Во вакви услови Грција би можела да функционира до јули годинава кога и доспева исплатата на долг од седум милијарди евра, кој Владата во Атина во моментот ги нема и не се ни очекува да ги обезбеди до почетокот на летото.

Дополнителен проблем во целиот случај се парламентарните избори во Холандија следниот месец, претседателските избори во Франција во април и мај и семтевриските сојузни избори во Германија, кои би можеле дополниелно да го усложнат процесот на изнаоѓање решение за проблемот со Грција.

Прговорите меѓу Атина и кредиторите „заглавија“ првенствено поради различните проценки за економската состојба на Грција во следните години и околу можните мерки за помош на земјата.

ММФ го условува своето учество во планот за спас на Грција со отпис на грчкиот долг, кој го смета за неодржлив, како и со спроведување на дополнителни мерки на штедење, кои би опфатиле ново намалување на пензиите и платите на државните службеници.

Германија од друга страна, како водечка земја на Еврозоната, се противи на дополнителен отпис на грчкиот долг, додека Атина прифаќа отпишување на долговите, но одбива нови мерки на штедење и реформи во пензискиот систем и фискалниот сектор.

Според правилата на ММФ, Фондот не може да и дава позајмица на земја чиј долг е оценет како неодржлив. Сепак, Фондот под притисок на САД еднаш направи исклучок од ова правило и се согласи да учествува во претходние пакет програми за помош на Грција. 

Некои грчки медиуми, сметаат дека договорот во пресрет на министерската средба на Еврозоната веќе е постигната, имајќи пред вид дека минатата недела директорката на ММФ, Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел се договрија за учество на Фондот во грчката спасувачка програма и за преместување на прашањето за олеснување на грчкиот долг за следната година, односно по изборите во Германија.