Свет
16. February 2017 - 17:54

Европските сојузници од НАТО заедно ќе купуваат авиони и ќе формираат ново седиште за елитните војски

Европските сојузници од НАТО се договорија денеска да купат заеднички авиони и подморници и евентуално да формираат ново седиште за елитните војски.

На церемонијата на договорот во штабот на НАТО во Брисел, министрите за одбрана на Франција и на Германија соопштија дека ќе купуваат транспортни авиони, додека Гермнаија, Белгија, Холандија и Норвешка ќе учествуваат во купуавање авиони-цистерни од Ербас.

– Таа соработка во рамките на НАТО е начин како државите да ги подобрат значително вооружените сили, и со тоа се гарантира максимално ефектно искористување на средствата од даночните обврзници, изјави Роуз Готемолер, заменик генерален секретар на НАТО.