Свет
11. January 2018 - 10:28

Европските сили денеска ќе ја потврдат поддршката за иранскиот нуклеарен договор

 Европските сили денеска ќе ја потврдат своја поддршка за иранскиот нуклеарен договор отфрлен од американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија европски дипломати.
 
Тоа се случува пред рокот за американскиот претседател да одлучи дали повторно да ги воведе нафтени санкции на Иран, кои беа укинати во рамките на договорот.
 
На состанокот на Британија, Франција, и Гермнија со Иран, организиран од шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, се очекуваат нови уверувања од Техеран и европски ветувања за спроведување на договорот.
 
Тие ќе бараат од Иран да продолжи да прима меѓународни инспекции, соопштија дипломати.
 
Техеран негира дека се обидува да се здобие со нуклеарно оружје.
 
– Цел на состанокот е да се испрати порака до Вашингтон дека Иран соработува и дека е подобро да се има нуклеарен договор отколку да се изолира Техеран, изјави европски дипломат.
 
– Датумот на состанокот не е случајно одбран. Тоа е кампања што е покрената во октомври, изјави друг дипломат.