Македонија
23. May 2017 - 17:20

Европскиот Универзитет ќе биде овластен центар за онлајн универзитетот Е-Капус од Италија

Европскиот универзитет во иднина ќе дејствува како овластен и ексклузивен центар за реализација на активностите на италијанскиот on-line Универзитет E-KAMPUS, преку on-line туторство и спроведување на испитите за студентите на овој универзитет од Македонија и Турција. Ова претставува модернизација на традиционалниот начин на студирање преку имплементација на on-line платформа за учење.

Посветената работа и користењето на современи технологии ни овозможи поврзување со Универзитетот од Италија, кој е специјализиран за on-line студирање согласно европските стандарди, посочи директорката на Европски Универзитет Билјана Андреска Богдановска, при потпишувањето на договорот за соработа.

Откако во 2006-та година ја добивме лиценцата за работа, секој факултет на кој што не му се нарушуваат карактеристиките, ние го трансформиравме во on-line Универзитет, рече основачот на Е_КАМПУС Франческо Полидори.

На Универзитетот Е_КАМПУС се достапни 22 дипломски и мастер програми по моделот 3+2, на 5 факултети од областа на правото, економијата, инжинерството, арт и дизајн и психологија и литература.