Loading Video...
Ракомет
17. November 2017 - 12:13

Европскиот првак Вардар првпат сезонава во „меч на неделата“

Можеби звучи чудно, но навистина е куриозитетно, па дури во осмото коло, ЕХФ (Европска ракометна федерација) го најави реши европскиот шампион Вардар да биде дел од „мечот на неделата“ 
 
Средбата меѓу Вардар и Рајн-Некар Левен е избран за меч на колото во Лигата на шампионите. 
 
Задолжените за изборот од ЕХФ и немаа избор и овојпат да ги изостават црвено-црните, иако тоа можеа да го сторат и во дуелот меѓу Вардар и Барселона. Фактот дека Вардар и Рајн-Некар Левен се два од трите тима кои досега немаат пораз, овојпат не можеше да биде избегнат, па оттаму логичен беше и изборот овој дуел да биде најавен како „меч на неделата“. 
 
Саботниот меч меѓу ракометарите на Вардар и Рајн-Некар Левен ќе биде првиот од двата во низа кои ќе ги играат овие два тима, бидејќи и во следното деветто коло повторно ќе се сретнат меѓусебе. 
 
Првата средба на програмата е во сабота СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот. 
 
Во меѓусебните дуели, досега македонскиот првак е поуспешен со четири победи на седумте средби. Ланската сезона домашниот терен се покажа како предност, па вардарци славеа во Скопје, а беа поразени на гостувањето во Германија.