Европскиот парламент не забрани ќебапи и гиро
Европскиот парламент не изгласа синоќа забрана за продажба на гиро и ќебапи бидејќи приговорот за користење фосфати во месото не доби потребно мнозинство. Тоа значи дека во ЕУ и понатаму ќе се продаваат ќебапи какви што се продаваа досега.
За усвојување на таа одлука недостигаа три гласови, објави на Твитер Одбор на ЕП за животна средина, јавно здравје и безбедност.
За предлогот гласаа 373 членови на парламентот, 272 беа против додека 30 беа воздржани.
Гласањето беше одржано врз основа на предлог за забрана за додавање фосфати во замрзнато месо за ќебапи. Таа забрана би предизвикала опасност за индустријата за ќебапи во Европа во која се вработени околу 200.000 работници.
Сопствениците на ресторани за брза храна тврдат дека адитивите се потребни за да се зачува сочноста и вкусот на зачинетото месо како во транспортот така и за време на неговото подготвување.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд