Македонија
18. October 2017 - 8:19

Европски ден за борба против трговијата со луѓе

 Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција денеска ќе го одбележи Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе-18 Октомври. 

Во Скопје денеска на прес-конференција ќе биде промовирана Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија, која која ќе се спроведува за време на Модниот викенд во Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат Магдалена Несторовска, национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Елена Грозданова, член на Националната комисија и државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и Марија Илиќ од Модниот викенд Скопје.

Предвидена е и тркалезна маса „Трговија со луѓе, национални трендови, појавни облици и предизвици“ на која покрај  Несторовска ќе се обрати и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Скопје.