Бизнис
21. November 2017 - 19:47

Европската Унија обезбеди 37,5 милиони евра за намалување на невработеноста

Над 16 милиони евра  се предвидени во предлог буџетот за следната година за активните мерки  за вработуање.

Според  министерот за финансии Тевдовски  оваа е  досега најголема  сума која што е издвоена за  оваа намена. Средствата  ќе помогнат секој кој бара да добие работа.

Освен  од  домашниот буџет, Македонија за вработување, образование и социјала ќе добие и дополнителни пари од Европската Унија.

Според последните податоци една третина од населението во Македонија е сиромашно. Овие бројки покажуваат дека состојбата со сиромаштијата e алармантна, затоа надлежните уверуваат дека решавањето на проблемот е ставен високо на владината агенда.

За намалување на невработеноста ќе помага и Унијата. Обезбеди 37, 5 милиони евра

Со европската помош досега 13 илјади лица успеале да се стекнат со знаење и вештини и да се вклучат на пазарот на трудот. Над 60 отсто од нив се вработиле, најголем дел млади.