Спорт плус
27. јуни 2017 - 11:47

Европска лига: Македонија - Данска на 1.јули од 19 часот

Полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига македонската одбојкарска репрезентација ќе го игра против домаќинот Данска со почеток во 19 часот. Термин што можеби беше и очекуван, бидејќи во првиот термин за полуфиналето од 16 часот ќе играат Шведска и Украина. 

Победниците следниот ден (недела) во 19 часот ќе играат во финалето, а поразените од 16 часот ќе играат во дуелот за 3.место.
На завршниот турнир само Македонија се пласира без загубен натпревар, Украина имаше еден пораз, Данска два, а Шведска три.
Натпреварите се играат во Гентофте, Данска.