Свет
22. November 2016 - 13:59

Европратениците се залагаат за поголема соработка на ЕУ во областа на одбраната

Тероризмот, хибридните закани и сајбер и енергетската несигурност не им оставаат на земјите од ЕУ друг избор, освен да ги интензивираат своите напори за соработка за безбедност и одбрана, отворајќи го патот за ЕУ на одбраната, стои во резолуцијата на Европскиот парламент, усвоена во Стразбур.

Европратениците, притоа предлагаат да се посветат два отсто од БДП за одбрана и воспоставување на мултинационалните сили, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во резолуцијата тие, исто така, препорачувааа создавање на Европски герерал-штаб за планирање и операции за управување со кризи за да и се овозможи на ЕУ да дејствуваат каде што НАТО не сака да делува.

„Нашата унија не е подготвена да се справи со големите предизвици во поглед на одбраната. За речиси 30 години, повеќето земји-членки ги намалија нивните буџети за одбрана, што резултира со помали вооружени сили, соработката помеѓу земјите-членки не е постојана и Европа продолжува да се потпира на капацитетите на НАТО и на американската солидарност", рече известувачот Урмас Пает (АЛДЕ, SE) за време на дебатата одржана синоќа. Тој притоа нагласи дека „е дојден моментумот за европска одбранбена политика ".

Безбедносната ситуација во и околу Европа значително се влоши во последните години, поради повеќе причини, како што се тероризмот, хибридни закани или сајбер-безбедност и енергија кои ниту една земја не може да ги реши сама“ се вели во резолуцијата, одобрена со 369 гласа „за“, 255 „против“ и 70 „воздржани“.

Европратениците бараат ЕУ да реагира брзо и одлучно на реалните закани. Тие бараат европски вооружените сили да работат заедно. Според нив, удвојувањето, како и пречките наметнати за воените набавки ќе резултира со годишни загуби од 26,4 милијарди евра.

ЕП ги повика земјите-членки да направат заеднички набавки за одбранбените ресурси и да споделат дел од не-смртоносна опрема, како возила или авиони. Тие укажуваат на воведување на европски "семестри за одбрана“, во кои земјите-членки може да се консултираат за нивните циклуси на планирање и нивните планови за јавни набавки и да се залагаат за зајакнување на координативната улога на Европската агенција за одбрана.

Во резолуцијата се бара од Европскиот совет да работи на создавање на заедничка „одбранбена политика на Унијата и да обезбеди дополнителни финансиски средства за нејзионо спроведување".

Генералшатбот на ЕУ треба да биде воспставен за да се планираат и операции за управување со кризи, сметаат пратениците. Земјите-членки на ЕУ треба да се стремат да се посвети два проценти од БДП за одбраната и да се создадат „мултинационални сили во постојана структурирана соработка и да се стават тие сили на располагање за заедничката безбедносна и одбранбена политика" .

Европскиот парламент бара европскиот пазар за одбрана да биде фер, достапен и транспарентен. Тие, исто така, даваат поддршка на инвестициите на ЕУ во истражувачки проекти во областа на одбраната „од најмалку 90 милиони евра во текот на следните три години", што укажува на тоа дека оваа подготвителна акција треба да биде проследено со различна европска програма за истражувања поврзана со одбраната, со буџет од 500 милиони евра.

Пратениците нагласуваат дека ЕУ и НАТО треба да соработуваат повеќе, особено на исток и југ, да се бори против хибридните и сајбер заканите, подобрување на поморската одбрана и развој на одбранбените способности. Сепак, ЕУ исто така треба да бидат подготвена да дејствува независно, ако НАТО не е подготвен да ја преземе иницијативата, смета Европскиот парламентот.

ЕП вечерва ќе расправа и за посебна резолуција за заедничката одбранбена и безбедносна политика, за што ќе се гласа утре. Нацрт резолуцијата сугерира радикална измена на Заедничката безбедносна и одбранбена политика и да се започне операција во Ирак за обука за поддршка на земјите-членки кои се вклучени во коалицијата против Исламската држава.