Македонија
23. February 2016 - 19:06

Европратениците на средби со партиите

Лидерите на ДУИ и ДПА со предлог за отповикување на распуштањето на Собраниетето и одложување на изборите закажани за 24 април.

Велат дека е најдобро ваквиот предлог да помине со консензус, изгласан едногласно од сите партии.

Предлогот ќе го поднесат до Собранието по консултациите со олеснувачите Кукан, Вајгел и Ховит кои дојдоа со обид во последен момент да го спасат договорот од Пржино.

Ховит, Вајгел и Кукан пред средбата со Тачи и Ахмети беа на средба со раковотството на СДСМ.

Од опозицијата велат заедно со претставниците на европскиот парламент ја потврдиле позицијата дека е потребно одложување на изборите со цел да се пречисти избирачкиот список и да се спроведат реформи во медиумите.