Македонија
11. November 2015 - 16:17

Европратеници бараат итно отворање преговори со Република Македонија

Пратениците во Европскиот парламент ја поздравија седмата последователна препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и побараа итно отворање на истите, а не да се чекаат изборите во април.

Британскиот европратеник од редовите на конзерваивците Чарлс Тенок, смета дека ЕУ е виновна за тоа што и се случува на Македонија со тоа што не ги започнува пристапните преговори:

- Сериозни закани за стабилноста и се заканија на Македонија, која се уште е во лимбо со статусот за името и грчкото вето, а и се уште треба да ги спроведе политичките реформи, договор постигнат со помош на тројца европратеници. Земјата заслужува отворање на пристапните преговори со члеснтво во ЕУ, што е нешто што се препорача досега, но досега не се случи тоа придонесе за нестабилноста во земјата, а се разбира и меѓуетничките односи се кршливи меѓу различните заедници – порача Чарлс Тенок од Партијата на европските конзервативци и реформисти.

Известувачот за Македонија од Европарламентот, Иво Вајгл смета дека земјата, сепак, прво треба да ги заврши домашните задачи:

- Во однос на Македонија, важно е Македонија да ги превземе сите обврски што произлегуваат од договорот од Пржино, но важно е и Европската комисија да ја заврши својата домашна задача. Комесарот Хан даде условна согласност на земјата за преговори за проширување - рече Вајгл.

Поранешниот премиер на Словенија, Алојз Петерле, пак, даде јасно до знаење дека Брисле не треба да чека најпрво да се одржат изборите во Македонија, туку веднаш да ги отвори преговорите што се чека веќе седма година:

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле, пак, порача:

- Во однос на Македонија, драго ми е што дојде до стабилизација на состојбата која се нормализира, со помош на Европската комисија и на моите колеги-европратениците. Но, јас би сакал да видам дека внатрешно-политичката кохезија ќе се зголеми и дека ќе и се помогне на Македонија да дојде поблиску и побрзо до Европската унија. Не мислам дека треба да ги чекаме следните избори и по истите да поттикнеме некои работи, мислам дека сега мораме да превземеме акција за напредок на Македонија - истакна Петерле.