Македонија
15. March 2017 - 16:04

Европратеничката Петир до Хан: ЕУ да ја осуди Тиранската платформа

Во писмото до кое дојде МИА, Петир бара од Хан во име на Европската унија да ја осуди т.н. Тиранска платформа затоа што претставува директно мешање на една земја-кандидат во внатрешните работи на друга земја-кандидат и бидејќи може да стане опасен преседан во меѓународните односи“. Исто така, Петир му укажува на еврокомесарот дека нови избори се решение за отплеткување на јазолот на македонската политичка сцена.
 
- Почитуван господине Хан, Ви пишувам длабоко загрижена за развојот на настаните по изборите во Република Македонија кои сериозно ја продлабочуваат политичката криза со која земјата се соочува повеќе од две години. Предвремените парламентарни избори што се одржаа во декември 2016 година беа одржани во демократска и мирна атмосфера, без никакви нерегуларности. На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички места во македонското Собрание и СДСМ 49, додека партиите на албанското малцинство освоија вкупно 20 места (ДУИ 10, Беса пет, три Алијанса на Албанците и две ДПА) - вели Петир на почетокот.
 
Европратеничката потоа му укажува на Хан дека Тиранската платформа, која беше договорена по изборите од страна на албанскито премиер Рама и три парламентарни партии од албанското малцинство во Македонија, поставила услови за формирање на Влада во Република Македонија кои се во спротивност со Уставот на земјата.
 
-Покрај тоа, т.н. Тиранска платформа претставува јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ во сопствената земја барајќи конститутивни права за албанското малцинство, чиј број не е познат поради застарениот пописот и кои целосно ги уживаат сите малцински права во Република Македонија. Истата е и загрозување на начелата на Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на земјата и ги става другите малцинства во Македонија на второстепена позиција – наведува Петир.
 
Според хрватската веопратеничка, Тиранската платформа не беше дел од изборниот процес, туку формирана по него и стана услов за формирање на македонската влада и истата е формирана во странската земја и во тесен договор со странска влада. Предвремените избори, според Петир беа со цел да се надмине политичкиот ќор-сокак и да се забрзаат реформите прекуо договорот од Пржино и извештајот на Прибе, а не да донесат нови етнички платформи. Овие два документи, Хрватската му вели на комесарот Хан дека не се за нови придобивки за албанското малцинство од Тиранската платформа, туку дека тие се за одредување на систематските дефекти во земјата. Давањето на мандат за формирање нова влада, според Петир стана заробеник на уцената за етничките платформи од страна на едно малцинство во земјата, а како препорака на премиер на друга земја.
 
-Европската унија има обврска и одговорност кон Република Македонија и политичката криза со кој се соочува земјата, со оглед на тоа што приемот на Македонија во ЕУ е блокиран веќе 12 години. Јас ве поттикнувам да ја осудите оваа т.н. Тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја-кандидат во внатрешните работи на друга земја-кандидат, односно во Република Македонија. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во намалувањето на солидарноста во ЕУ и во светот, но исто така и во време на загрозена безбедност во светот, му порачува Хрватката на еврокомесарот.
 
Маријана Петир на крај му укажува на Хан дека тој веќе ги повикал сите релевантни политички чинители во Македонија да ги почитуваат изборните резултати и демократските процеси и да постигнат договор за формирање на нова и стабилна влада, со почитување на македонскиот Устав.
 
Но, со оглед на тоа што е создаден ќор-сокак со т.н. Тиранска платформа, ако не може да биде постигнат договор, тогаш нови избори треба да се сметаат за решение.
 
Членството во ЕУ има трансформациска моќ во земјите од Западен Балкан, што е и Вашето портфолио. Република Македонија заслужува почеток на овој процес уште одамна и ЕУ има огромна одговорност да го забрза овој процес и да остане максимално ангажирана во Република Македонија, со почитување на суверенитетот и институциите.