Европол и ГЦА и формално против кибер криминалот
Европската полициска служба (Европол) и Глобалната кибер алијанса (ГЦА) потпишаа денеска спогодба за разбирање, која подрзбира соработка за намалување на системскиот кибер ризик и подобрување на Интернет безбедноста во цела Европа и пошироко.
Во соопштението на Европол се наведува дека спогодбата подразбира заедничка борба против кибер криминалот, размена на информации за најновите кибер трендови, како и заеднички меѓународни проекти, кои би требало да придонесат за безбедноста.
По потпишувањето на спогодбата директорот на Европол Роб Вајнрајт нагласи дека кибер криминалот и интернет безбедноста се мултидисциплинарни прашања, а клучното орудие во борбата против кибер криминалот мора да биде развиено така што „криминалците ќе ги држи на страна“.
Според него тоа е уште поважно ако се земат предвид другите области на криминалот, како тероризмот и трговијата со луѓе.
- Потпишувањето на спогодбата со организација како ГЦА, која е основана со цел да се спротивстави, да решава и да спречува кибер активности е во согласност со приоритетите на Европол, рече Вајнрајт.
Претседателот на ГЦА Фил Рајтингер додаде дека денес светот е бомбардиран со медиумски извештаи за кибер нападите и штетите, кои ги загрозуваат чувствителните информации или ја нарушуваат инфрастуктурата.
- Соработката ќе биде фокусирана на исходот, кој треба да придонесе за намалување на системскиот кибер ризик во Европа и ширум планетата, истакна тој.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители