Кошарка
9. July 2015 - 8:05

Евролигашите ја одбија ФИБА

Клубовите косопственици на Евролигата, 11 клуба со А-лиценца, го одбија барањето на ФИБА да го преземе организирањето на натпреварувањето и да го промени форматот. 

Евролигашите истакнаа дека лично сакаат да одлучуваат за својата иднина убедени дека напредокот на европската кошарка лежи во клубовите како што тоа трае веќе 15 години од формирањето на Евролигата. 
Во писмото до ФИБА се вели дека ќе биде формирана комисија која ќе ги разгледа предлозите на европската организација и која ќе ги води преговорите од 1. ноември. 
ФИБА предлага во Евролигата да играат 16 екипи, 8 со А-лиценца како и шампионите на Италија, Германија, Франција и Литванија, а две места би биле пополнети од квалификанти.