Кошарка
28. January 2017 - 10:31

Евролига: Реал Мадрид со нова победа

Кошаркарите на Реал Мадрид со победата синоќа над Армани Милано се вратија на првата позиција на табелата од Евролигата. Тие го совладаа тимот на Армани Милано со 94:89. Најефикасни на дуелот беа Серхио Љуљ (Реал) и Крунослав Симон (Армани) со по 20 поени. 
На другите натпревари одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Олимпијакос – Бамберг 83:77, ЦСКА Москва – Анадолу Ефес 80:77, Дарушафака – Жалгирис 66:69 и Барселона – Басконија 79:93.
На натпреварите одиграни во четвртокот: Црвена Звезда – Панатинаикос 72:66, Фенербахче – Галатасарај 85:80 и Макаби – Уникс Казан 60:52.  
Табела: Реал Мадрид 15-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 15-5, Олимпијакос 14-6, Фенербахче 13-7, Црвена Звезда 12-8, Басконија 12-8, Панатинаикос 11-9, Дарушафака 10-10, Анадолу Ефес 9-11, Жалгирис 8-12, Барселона 8-12, Бамберг 7-13, Уникс 7-13, Макаби 7-13, Армани 6-14, Галатасарај 6-14.