Фудбал
23. March 2017 - 9:05

Евролига: Реал Мадрид без проблем ја совлада Барселона

Кошаркарите на Реал Мадрид се вратија на првото место на табелата во кошаркарската Евролига откако синоќа ја победија Барселона со 85:69. Најдобар и најефиаксен на дуелот беше Серхио Љуљ од Реал Мадруд со 21 поен.
На другите натпревари одиграни синоќа:
ЦСКА Москва – Дарушафака 95:85,
Црвена Звезда – Олимпијакос 64:66 (по продолжение) и
Галатасарај – Уникс 75:67. 
Резултати на дуелите одиграни во вторник:
Фенербахче – Макаби 79:81,
Жалгирис – Анадолу Ефес 68:76,
Бамберг – Басконија 71:96 и
Панатинаикос – Армани Милано 74:61. 
Табела: ЦСКА Москва 20-7 (победи-порази), Реал Мадрид 19-7, Олимпијакос 19-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена Звезда 15-12, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-14, Жалгирис 12-15, Барселона 10-16, Галатасарај 10-17, Макаби 10-17, Бамберг 9-18, Уникс 7-20, Армани Милано 7-20.   
Пласман досега во ТОП 8 фазата имаат обезбедено: ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче, Басконија и Панатинаикос.   
 
Вечерва се играат првите четири натпревари од 28.коло, а двојките се: Анадолу Ефес – Фенербахче, Макаби – Жалгирис, Армани Милано – Бамберг и Басконија – Панатинаикос. Во петок се играат дуелите: Уникс Казан – ЦСКА Москва, Дарушафака – Галатасарај, Олимпијакос – Реал Мадрид и Барселона – Црвена Звезда.