Кошарка
19. April 2017 - 8:29

Евролига - плеј оф: Триумфи за ЦСКА Москва и Фенербахче

Кошаркарските екипи на ЦСКА Москва и на Фенербахче постигнаа победи на првите четвртфинални дуели од четвртфиналето на кошаркарската Евролига одиграни синоќа. ЦСКА Москва пред своите навивачи ја победи Басконија со 98:90 а најефикасен ан дуелот беше Милош Теодосиќ (ЦСКА) со 22 поена, додека Фенербахче победи на гостувањето против Панатинаикос со 71:58. Богдан Богдановиќ од Фенербахче дуелот го заврши со 23 поени.
Утре (четврток) се играат и вторите натпревар од овие четвртфинални дуели.
 
Вечерва на програмата се и првите дуели од четврфиналето меѓу Олимпијакос - Ефес Анадолу и Реал Мадрид – Дарушафака.