Кошарка
22. March 2017 - 9:34

Евролига: Очекувани победи на Панатинаикос и Басконија

 
 
 Екипите на Панатинаикос и Басконија остварија очекувани победи против Армани Милано и Бамберг во дуелите од 27.коло на кошаркарската Евролига. 
 
На натпреварот одигран во Атина, Панатинаикос славеше победа против Армани Милано со 74-61, додека шпанската екипа Басконија на гостински терен го победи германскиот првак Бамберг со 96-71. 
 
Од фавритите, победа оствари и Анадолу Ефес кој во Каунас го совлада Жалгирис со 76-68, додека изненадување претставува победата на Макаби и тоа во Истанбул против Фенербахче мимимално со 81-79. 
 
За денеска закажани се преостанатите четири натпревари, а во нив ќе играат: ЦСКА Москва – Дарушафака, Црвена Ѕвезда – Олимпијакос, Галатасарај - Уникс Казан и Реал Мадрид – Барселона. 
 
Табела: Реал Мадрид 19-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-7, Олимпијакос 18-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена Звезда 15-11, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-13, Жалгирис 12-15, Барселона 10-16, Макаби 10-17, Галатасарај 9-17, Бамберг 9-18, Уникс Казан 7-19, Армани Милано 7-20.