Фудбал
15. January 2016 - 9:34

Евролига: Нема победа, нема плата?!

Кошаркарите и стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Панатинаикос поради поразот на домашен терен од Црвена ѕвезда (63:74), наредниот месец нема да добијат плата.
 
Имено, сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос и раководството, не биле задоволни од она што Панатинаикос го одиграл против Црвена ѕвезда, во рамките на третото коло во Топ 16 фазата и поради тоа, веднаш по мечот ги известиле кошаркарите и стручниот штаб дека ќе бидат казнети со одземање на една плата.
 
Во Е групата Црвена ѕвезда, во Атина, одигра одлично во дефанзивата ги доби сите четири четвртини и запиша заслушена победа.
 
На останатите две средби во Е групата Фенербахче дури во последната четвртина го скриши отпорот на Локомотив 85:79 (20:18, 17:27, 14:15, 34:19) и да ја забележи третата победа во Топ 16 фазата, додека Уникаха ја декласира Цедевита со 90:67 (27:14, 25:17, 19:19, 19:17).
 
Во Ф групата се одигра само еден меч, во Москва, ЦСКА славеше над Барселона со  (20:18, 17:27, 14:15, 34:19).