Кошарка
26. April 2016 - 22:41

Евролига: Локомотив избори полуфинале

Екипата на Локомотив Кубан со победата во мајсторката од четвртфиналето на Евролигата над Барселона се избори за учество на завршниот турнир во Берлин. Локомотив вечерва ја совлада Барселона со 81:67. Домашниот тим на полувремето водеше со 50:39, но Барселона успеа да направи пресврт откако третиот период го доби со 23:8. Сепак во последниот период Локомотив беше подобар со 23:5.
Локомотив Кубан четвртфиналната серија ја доби со 3-2 во победи.
Најефикасни на дуелот беа Малком Дилејни со 17 поени и Крис Синглетон со 16, двајцата од Локомотив Кубан.
Во полуфиналето на „фајнл форот“ во Берлин Локомитив Кубан ќе игра против ЦСКА Москва, додека во другото полуфинале ќе играат Фенербахче и Лаборал. Овие натпревари се играат на 13.мај, а финалето е на 15.мај.