-->
-->
Евролига: Фенербахче го „растури“ Реал за 2-0
-->
Кошаркарите на ЦСКА Москва и Фенербахче една победа ги дели од пласман на завршиниот турнир во Евролигата, откако максимално ја искористија предноста на домашниот терен во дуелите со Црвена ѕвезда, односно Реал Мадрид.
ЦСКА, помалку и среќно стигна до 2-0 против Црвена ѕвезда, добивајќи го вториот меч со 77:76, додека Фенер го декласира бранителот на титулата Реал 100:78.
Црвена ѕвезда, во Москва, беше во предност во најголемиот дел од мечот, во последните 20 секунди имаше и напад за победа, но плејмејкерот Јовиќ се лизна направи чекори и победата остана за домаќините.
Јовиќ со 15 и Кинзи со 14 кошеви беа најефикасни во белградскиот тим, додека победникот го предводеше Хајнс со 19 поени.
За разлика од мечот во Москва, во Истанбул немаше никава неизвеснот. Фебербахче буквално го декласира Реал, турскиот тим на полувреме имаше предност 54:29, а во одредени периоди од третата четвртина и позитива од 30 кошеви.
Српските репрезентативци Калиниќ со 19 и Богдановиќ со 18 беа најефикасни во тимот на Фенербахче.
Натпреварите број три ќе се одиграат во Белград и Мадрид во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација