Кошарка
24. February 2017 - 9:11

Евролига: Ц.Звезда се поблиску до место во ТОП 8

Кошаркарите на Црвена Звезда по триумфот синоќа над Галатасарај со 77:58 се се поблиску до пласман меѓу првите осум екипи и со тоа да обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето од Евролигата. Најефикасен на дуелот беше Бранко Лазиќ со 17 поени.
Резултати на вчера одиграните натпревари од 23.коло:
ЦСКА Москва – Макаби Тел Авив 93:81,
Фенербахче – Олимпијакос 67:64,
Црвена Звезда – Галатасарај 77:58 и
Армани Милано – Барселона 78:83.
 
Вечерва играат: Анадолу Ефес – Басконија,
Бамберг – Жалгирис,
Панатинаикос – Уникс и
Реал Мадрид – Дарушафака.
 
Табела: Реал Мадрид 17-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 17-6, Олимпијакос 16-7, Фенербахче 15-8, Панатинаикос 13-9, Црвена Звезда 13-10, Басконија 12-10, Анадолу Ефес 11-11, Дарушафака 11-11, Жалгирис 9-13, Барселона 9-14, Бамберг 8-14, Макаби Тел Авив 8-15, Уникс 7-15, Галатасарај 7-16, Армани Милано 7-16.