Кошарка
23. February 2017 - 15:56

Евролига: Ц.Звезда го пречекува Галатасарај

По две седмици пауза, а поради одржувањето на националните куп натпревари, денеска и утре продолжуваат натпреварите во кошаркарската Евролига.
На програмата се средбите од 23.коло во кои денеска ќе играат:
18:00   ЦСКА Москва – Макаби,
18:45   Фенербахче – Олимпијакос,
19:00   Црвена Звезда – Галатасарај,
20:45   Армани Милано – Барселона,
 
За утре закажани се натреварите:
18:00   Анадолу Ефес – Басконија,
20:00   Бамберг – Жалгирис,
20:15   Панатинаикос - Уникс Казан,
21:00   Реал Мадрид – Дарушафака
Табела: Реал Мадрид 17-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 16-6, Олимпијакос 16-6, Фенербахче 14-8, Панатинаикос 13-9, Црвена Звезда 12-10, Басконија 12-10, Анадолу Ефес 11-11, Дарушафака 11-11, Жалгирис 9-13, Бамберг 8-14, Барселона 8-14, Макаби 8-14, Галатасарај 7-15, Уникс 7-15 и  Армани Милано 7-15.