Кошарка
20. јуни 2017 - 8:06

Евробаскет - жени: Заврши првата фаза од шампионатот

Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло синоќа беше комплетирана првата фаза од Европското првенство за кошаркарки што се одржува во Чешка. Првопласираните селекции во групите се пласираа во четвртфиналето, додека четвртопласираните селекции го завршија натпреварувањето (Чешка, Белорусија, Словенија и Црна Гора).
 
Репрезентациите што се пласираа на второто и третото место ќе играат меѓусебе во осминафиналето.
Резултати 3.коло:
А група: Унгарија – Украина 72:84 и Чешка – Шпанија 67:63.
Табела: Шпанија 5 бодови, Украина 5, Унгарија 4, Чешка 4.
Б група: Белорусија – Турција 74:88 и Словачка – Италија 61:68.
Табела: Турција 6, Италија 5, Словачка 4, Белорусија 3.
Ц група: Србија – Словенија 88:69 и Франција – Грција 70:63.
Табела: Франција 6, Грција 4, Србија 4, Словенија 4.
Д група: Летонија – Белгија 58:62 и Црна Гора – Русија 54:78.
Табела: Белгија 6, Русија 5, Летонија 4, Црна Гора 3.
 
Во осминафиналето денеска ќе играат:
Србија – Летонија,
Италија – Унгарија,
Русија – Грција и
Украина – Словачка.
Пласман во четвртфиналето како првопласирани од групите обезбедија: Франција, Турција, Белгија и Шпанија.