Кошарка
1. September 2015 - 19:53

Евробаскет 2015: Пачулија и Шенгелија ја предводат Грузија

Селекторот на Грузија Игор Кокошков го соопшти списокот од 12 играчи кои ќе играат на претстојното Европското првенство. Грузија се наоѓа во групата Ц што ќе се игра во Загреб и е еден од ривалите на Македонија.

Во составот на Грузија ќе бидат првите два играча на оваа селекција кои го прескокнаа претходното првенство: Пачулија и Шенгелија.
Пачулија беше најдобар во квалификациите со 17,5 поени и 7,8 скокови по натпревар, додека Шенгелија имаше 18,2 поена по натпревар во втората фаза од квалификациите.
Состав на Грузија: Георге Цинцадзе, Џејкоб Пулен, Манучар Маркоишвили, Дуда Санадзе, Бешик Лезава, Леван Пацација, Виктор Саникидзе, Торнике Шенгелија, Бека Бурјанадзе, Заза Пачулија, Гироги Шермадини и Ника Метревели.