Кошарка
5. September 2015 - 22:04

Евробаскет 2015: Нов стартен пораз за Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од 85:65 во првото коло од групата Ц од Евробаскет 2015. Нашите кошаркари го дадоа максимумот, но разликата во квалитет беше очигледна и Грците на крајот заслужено забележаа победа.
 
Првата четвртина ја загубивме убедливо со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра целосно се распадна во последната четвртина којашто ја загубивме со15:26. Македонија играше храбро и конечниот резултат не реална слика на силите на теренот, неколку пати во текот на мечот нашите опасно им се приближуваа на ривалите на само 3-4 поени разлика.
 
Најефикасен играч кај победниците беше Принцезис со 18 поени, а кај Македонија и на дуелот беше Костовски со 20, Војдан Стојановски постигна 13 поени.
И во своето петто учество на Европските првенства македонските кошаркари почнуваат со пораз во првиот натпревар.
 
Наредниот натпревар на ЕП нашите кошаркари го играат против Холандија која денес ја совлада Грузија - 73:72. натпреварот против „лалињата“ започнува од 15 часот.