Кошарка
10. September 2015 - 9:03

Евробаскет 2015: Македонија без Војдан Стојановски против Словенија

 Еден од најдобрите македонски кошаркари Војдан Стојановски нема да може да им помогне на репрезентативните колеги на денешниот дуел со Словенија. Тој на натпреварот со Грузија доби удар во десното око по што за него Евробаскетот е завршен.
 
Стојановски вчеравечер по средбата со Грузија се пожали дека ништо не гледа со повреденото око.
 
По прегледите во очната клиника во Загреб, Војдан доби препораки за седумдневно мирување, а со тоа шансите на „црвено-жолтите“ да направат изненадување против фаворитот Словенија се минимални.
 
Натпреварот Македонија – Словенија е последен од групата во Загреб на Европското првенство на кое нашата репрезентација по четири рунди има една победа и три порази и е само со теоретски шанси за пласман во осминафиналната фаза.
 
Почетокот е закажан за 15 часот.