Македонија
18. October 2016 - 8:54

Евроамбасадорот Жбогар на конференција за градење култура на соживот

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе учествува на конференција за градење култура на соживот насловена „Сорабока помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“ и на промоција на осум проекти проекти од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество.

Главна цел на конференцијата е промовирање дискусија, градење и подигнување на свеста за добрата пракса во поттикнувањето на соработката помеѓу заедниците.

Инаку, вкупната финансиска проекција за осумте проекти е околу 1,8 милиони евра, финансирани од ЕУ.

Како што е најавено, на конференцијата ќе говори и Весна Бабиќ Петровски, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.