Македонија
23. February 2017 - 16:27

Евро-пратениците кои „ги избришаа“ Македонците од Албанија застанаа на страната на СДСМ/СОРОС

Евро пратениците кои се автори на скандалозната резолуција за бришење на Македонците од Албанија застанаа на страната на СДСМ и СОРОС пишува Курир.

Елмар Брок и Андреј Ковачев се најновите пратеници во европскиот парламент кои од време на време се јавуваат со политички изјави во врска со случувањата во Македонија а во корист на сдсм и сорос. Ковачев е познат по резолуцијата која ја потпиша со Ангел Џамбаски со која ЕП легитимираше бугарско малцинство во областите во Албанија каде живеат Македонци.

Ковачев доаѓа од партијата на Бојко Борисов, кој и самиот кажува дека во Македонија негов пријател е Зоран Заев а не Никола Груевски. Партиите ГЕРБ и СДСМ неколку пати се наоѓале на иста линија на интерес а нападите за македонското малцинство во Албанија се последниот еклатантен пример.  Двајцата европратеници се на листата подобни соработници на СОРОС пишува порталот,а тоа јасно се гледа од тајниот документ кој излезе на површина по протекувањет на мејлови од фондацијата на Џорџ Сорос.

Документот е нарачан од Фондацијата Отворено општество каде се израбоени профили на сите 750 европратеници избрани во 2014, скенирајќи кои соработувале со Сорос и се подобни, со цел мултимилјардерот да има увид кај колку пратеници може да има влијание за своите потреби. Со оглед на ваквата состојба пишува порталот, секогаш кога на СДСМ и СОРОС ќе им треба ветар во грб со европски предзнак, во Макеоднија пристигнува писмо од некои евро пратеници. БРОК и Ковачев се потпишаа и на писмото до лидерот на ВМРО ДПМНЕ во кое го обвинија за блискост со движењето стоп операција сорос .

Во претходната „соросова нарачка“ други двајца од листата пратеници под контрола на Сорос, Тонино Пицула и Виктор Боштинару испратија писмо со поддршка за формирање влада барајќи од претседателот Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев.

Во јавноста се појавија и извештаи дека не само што  правел листа на евро-пратеници  кои може да  ги корумпира и претвори во негови извршители, туку и дека тој дал повеќе милиони долари во кампањите пред изборот на евро-пратениците во 2014-та со цел фаворизација на левичарите, односно сузбивање на влијанието на десницата во Европа.

За потсетување, претходно во јавноста се појавија и документи на кои се гледа како Сорос дава смерници на политичари дури и од профилот на Хилари Клинтон  за тоа какви амбасадори или посредници треба да праќа во одредени држави

Невладините на Сорос се забранети во некои земји, како Руската федерација, а со „акциони планови“ за истражување на начинот на работа и финансирање на соросовата мрежа се јавија многу земји: од Австралија преку Израел, Унгарија, Словачка и други европски држави загрижени за својот суверенитет.Најголем удар за Фондацијата отворено општество е победата на Доналд Трамп, човек кој Сорос го прогласи за свој личен најголем непријател.