Македонија
26. јуни 2017 - 14:30

Евра и златен накит украдени од куќа во Битола

Непознат сторител во периодот од 18-ти до 25-ти овој месец извршил тешка кражба во куќа на улицата „Милан С. Петрески“ во Битола во сопственост на В.В. (64), при што  одзел 3.650 евра и поголема количина златен накит. 

Како што информира МВР, со подесен алат делувал на балконската врата, по што влегол внатре и извршил пребарување по собите, каде ги пронашол парите и златниот накит и ги одзел. При тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.