Здравје
10. February 2017 - 12:34

Еве зашто не смеете да го миете пилешкото месо пред да го приготвувате!

Денес, кога имаме пристап до свежа вода по домовите, многу често ја миеме целата храна пред да почнеме да ј спремаме.

Мислиме дека со миењето на храната пред готвење правиме таа да биде чиста, а со самото тоа и здрава затоа што се штитиме од бактерии и други микроорганизми кои живеат во неа.

Меѓутоа, истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека со миењето на пилешкото месо всушност го загрозуваме нашето здравје и имаме поголем ризик од труење со храна.

Повеќето пилиња кои ги купуваме во продавниците содржат бактерија наречена Campylobacter која озбилно може да го наруши нашето здравје.

При миењето на пилешкото под млаз вода, ја шириме таа бактерија на целата површина во кујната и кујнскиот прибор и на тој начин можеме да заразиме и други намирници. Оваа бактерија не може да се уништи лесно со помош на стандардното чистење на работните површини, а дури и посилните средства не гарантираат нејзино стопроцентно уништување.

Од друга страна , при печењето или варењето ги убивае овие и сите останати опасни бактерии и со самото тоа сме побезбедни отколку кога ќе одлучиме да го измиеме пилешкото.

Интересно е тоа дека труењето од оваа бактеријаможе дојде неколку дена откако таа ќе влезе во нашиот организам, а симптомите се слични како и со било кое друго тровање со храна.