Живот
29. May 2017 - 16:03

Еве зашто кесичките чипс се секогаш полупразни - во нив нема воздух туку нешто сосема друго

Произведувачите на чипс намерно го оставаат целиот тој простор со воздух во кесите за да ги заштит овие деликатни грицки од штетата која може да настане при транспорт,

Кога кесите се наредени една врз друга за време на транспортот целиот тој воздух служи за заштита од ронење на чипсот.

Не станува збор за обичен воздух туку азот.

Кислородот може да доведе до расипување на компирот, а влагата која се наоѓа во него може да направи чипсот да стане влажен.

За да се избегне ова, произведувачите ги полнат кесичките со азот како би останал свеж. Азот не е штетен по нашето здравје бидејќи го сочинува 78 проценти од воздухот кој го дишеме.