Македонија
13. August 2017 - 18:24

Еве какво време не очекува утре

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната температура ќе биде од 23 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време со температура до 30 степени.

Од утре следува период на стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.